Градежната оператива на изведувачот „Калина“, изминава седмица работи на пробивање на улицата „560“, којашто се наоѓа над Десниот магистрален канал во зоната Лесна индустрија.

Според стручните служби од Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани се пробива улица во должина од 210 метри, со ширина на коловозот од 7,5 м и со тротоари по 1,5 метар од двете страни. Пробивањето ќе продолжи со 160 метри од улицата „Февруарски поход“. Планирањата за актуелните градежни работи опфаќаат пробивање и тампонирање, додека асфалтирањето се очекува да влезе во инвестициите за наредниот период.

PIC_5337

„Работиме на пробивање улица во Лесна индустрија, каде уште од 2014 година се продадени градежни парцели за кои не е испочитуван договорот за обезбедување на степенот на уредување на градежното земјиште. Дел од граѓаните што ги купиле своите плацеви плаќаа казни, а не беа во можност да отпочнат со градба. Пробивањето на улиците „560“ и „Февруарски поход“ ќе овозможи проширување на зоната Лесна индустрија и можност за реализација на нови домашни инвестиции“ соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Во функција на развојот на индустриската зона во Кочани, во Програмата за капитални инвестиции за оваа година е влезено и асфалтирање на улицата што води од конфекцијата „Алекс“ кон мостот над каналот.

PIC_5329

PIC_5323

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари