Почитувани сограѓани,

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ги интензивира своите активности. Направивме промени во своите редови со цел да бидеме поблиску до граганите . Ние како партија сме сервис на граганите и како такви ке бидеме дел од ова општество секојдневно не само за време на избори.

Ова е начин кој ќе обезбеди подобра иднина, подобар стандард и праведно општество. Нашите проекти се оринтирани кон граганите и за граганите зацртани на пат со иднина.

Овој пат води кон ЕУ и НАТО!

СДСМ започна караван на отворени, јавни трибини со граѓаните под слоганот „На прав пат“ во цела држава.

Овој караван кќе не посети и нас.

Утре Кочани ќе биде домаќин на трибината на која учество ќе имаат:

Министер за труд и социјална политика Мила Царовска ,

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и

Градоначалникот на општина Кочани Николчо Илиев

Ајде сите заедно да чекориме на сигурниот, правиот пат, за да постигнеме уште повеќе за нашата земја.

Почитувани граѓани, ни претставува особена чест да Ве поканиме на трибина утре,среда, 9 октомври, во Националниот центар за култура Бели Мугри во Кочани со почеток во 20:00 часот.

Продолжуваме на прав пат!

ОО на  СДСМ  –  Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари