Изминатиот викенд Прилеп беше домаќин на 11-тиот Меѓународен џудо натпревар, чиј технички организатор беше збратимениот клуб на ЏК „Гладијатор“ од Кочани, „Сеишин“ од Прилеп.

Џудистите од Кочани се претставија со 20 натпреварувачи кои освоија 3 сребрени медали и 7 бронзени.

Ненад Ристов, Андреа Минова и Стефанија Павлова се освојувачи на сребрените медали, додека со бронзата се закитија: Матео Станоев, Љубица Наунова, Михаела Ристова, Дијана Илиева, Ева Димитрова, Станислав Грпов и Божица Бошкова.

Посебен белег на турнирот со своето присуство му дадоа некогашните победници на Европските и Светски првенства, како и на Олимпијадите: Славко Обадов, Јанош Чихи, Павле Булиќ и Вук Рашовиќ.

С. Ивановски

62

63

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари