По пријава на Комесарот за натпревари во Трета Фудбалска Лига – Југ поради прекин на натпревар од 3-тото коло „Слога 1934“ – „Детонит“ одигран на 29.09.2019 година, а истиот предизвикан од дел од домашните гледачи, Дисциплинскиот Комесар Тони Донев на виничкиот третолигаш му ги изрече казните.

Освен што ФК „Слога 1934“ се казнува со парична казна од 150 евра во денарска противвредност, „Слога 1934“ следните два натпревари како домаќин ќе ги одигра без присуство на публика.

Така натпреварите од 6-тото коло „Слога 1934“ – „Младост Удово“ (20.10.2019 година) и од 8-то коло „Слога 1934“ – „Малеш“ (03.11.2019 година) ќе се играат пред празни трибини.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари