Почитувани ,

Во саботата на 5-ти октомври започна проектот за реконструкцијата на трговскиот центар на централното градско подрачје во Кочани.

Со овој проект ќе се обнови целиот плочник , ќе бидат заменети сите плочки со нови и комуналната инфраструктура. Реконструирана ќе биде површината од платото кај Макеоднски Телеком до Кулата Треска, а на исток до големиот паркинг.

Целата површина изнесува 2800м2.

Централното градско подрачје ќе добие нов и современ изглед и ново хортикултурно уредување на просторот и одвод за атмосферска вода.

Изведувач на проектот е компанијата „Исток Мермер“ од Долни Подлог, а целиот проект е финансиран од буџетот на Општината.

Граганите на Општина Кочани ќе ги видат резултатите од сработеното за само седум месеци, како што е по предвиденото.

Со почит,

ОО СДСМ Кочани

72394994_693706921109347_484856203755651072_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари