По повод Денот на македонското востание – 11 Октомври, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и делегации од Советот на Општината и од Сојузот на борците од НОВ положија свежо цвеќе на бистите на борците Љупчо Сантов и Раде Кратовче и на Споменикот на слободата.

„На сите граѓани на Кочани и на нашата држава им го честитам 11 Октомври, Денот на македонското востание. Овој празник е светол историски момент за ослободителна и национална борба, борба против фашизмот и израз на стремежот на сите претходни генерации за слобода на македонскиот народ. Оддавајќи им почит на учесниците во вооруженото и антифашистичко востание, изразуваме почит кон сите борци што ја оствариле денешнава слобода“ стои во честитката на градоначалникот Илијев по повод Денот на македонското востание.

Со одлуката од пред 78 години, да пристапи кон антифашистичката коалиција, Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

PIC_5449

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари