Следбениците и поддржуваните на ликот и делото на Маршалот на некогашна Југославија Јосип Броз Тито, Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани со положување на свежо цвеќе на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, како и на споменикот на Претседателот на Крушевската Република Никола Карев, поставени во „Паркот на Револуцијата“, на симболичен начин и полн со почит кон својата историја го  одбележаа еден од најголемите Македонски празници „11 Октомври“.

Со ова членовите и симпатизерите на Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани кои секогаш ги почитуваат и одбележуваат сите значајни празници покажаа дека си ја почитуваат не само својата држава, туку и нејзината долгогодишна историја.

С. Ивановски

DSCN2889DSCN2903

DSCN2895

DSCN2905

DSCN2899

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари