И денешниот голем ден на големиот Македонски празник „11 Октомври“ покажа и докажа дека патриотизмот е едно обично политиканство и ништо повеќе.
Дека како народ не знаеме да си ја цениме и почитуваме историјата па се лутиме кога други ни наметнуваат дека нашата историја е и нивна покажа денешниот ден.
Ако не беа само неколкуте поставени знамиња и положувањето на цвеќе на спомениците на Раде Кратовче и Љупчо Сантов како и на споменикот на Никола Карев од страна на ЗГ „Јосип Броз Тито“ многумина и немаше да знаат што ден е денес и за каков празник станува збор.
Но не е така само денес, така е од осамостојувањето за било кој значаен наш празник, така е и за „Илинден“, така и за „Празникот на Кочани“, Така е и за „11 Октомври“. Само неколкуте поставени знамиња по улиците и за жал само на некои државни институции покажуваат колку си ја почитуваме историјата, тажно.
Подолу поставените фотографии од кои поголемиот дел снимени од иста локација ја даваат јасната слика како е било и за „Илинден“ и за „Празникот на Кочани“ и за „11 Октомври“, а тие не се од поодамна, тие се од 2011, 2014, 2016 и 2017 година.
Околу патриотизмот, толку.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.