Во организација на Карате Клуб „Металург“ од Скопје денес во Скопје се одржа 38-миот Меѓународен карате турнир „Никола Грдановски – Нике“.

Каратистите од КК „Кочани“ на турнирот учествуваа со 6 свои натпреварувачи кои освоија 6 медали: 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени и единствениот претставник од КК „Партизан“ од Кочани Филип Стојанов  кој настапи во категоријата 2007 до 42 килограми а кој на турнирот патуваше заедно со членовите од КК „Кочани“ го освои златниот медал.

Златото кај КК „Кочани“ го освоија:

Наталија Карова – 2006 до 41 килограм;

Илија Охомуш – 2007 до 55 килограми;

Елена Стојанова – 2007 до 50 килограми.

Сребрениот медал го освои Верица Карова – кадети + 54 килограми, а со бронза се закитија:

Натали Веселиновска – кадети + 54 килограми и

Драгана Нисева – кадети до 54 килограми.

С. Ивановски

828384

8586

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари