По победата на домашен терен против екипата на „Тиверија“, „Овче Поле“ се израмни по бројот на освоени бодови со екипите на „Слога 1934“ и „Тиверија“ со таа разлика што струмичани имаат натпревар повеќе одиграно.

Делчевци без поголеми проблеми прокнижија нови три бода во Раклиш, а додека екипата на „Малеш“ продолжува да реди порази.

„Детонит“ победи во Дојран а „Младост Удово“ на домашен терен.

Резултати од 5-тото коло:

„Овче Поле“ – „Тиверија“  2:1

„Раклиш“ – „Брегалница сениори“  0:4

„Малеш“ – „Василево“  0:2

„Дојранско Езеро“ – „Детонит“  0:1

„Младост Удово“ – „Спартмани“  2:1

Слободна беше екипата на „Слога 1934“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари