По две седмица пауза поради обврските ма женските репрезентации овој викенд се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Првата фудбалска лига за жени.

„Екипата на „Кочани“ иако постигна два погодока на гостувањето во Речица сепак со празни раце се враќа дома. „Деспина Прилеп“ и „Каменица Саса“ продолжуваат со добрите резултати. „Рударките“ славеа во Струга, а додека девојчињата од градот под Марковите Кули го растури минатогодишниот вице шампион на теренот во Дојран.

„Борец“ ја забележа првата победа во шампионатот, а додека „Драгон“ и „Тиверија“ немаа милост кон своите противници на домашниот терен.

Резултати од 5-тото коло:

„Речица“ – „Кочани“  5:2

„Ас Јунајтед“ – „Каменица Саса“  1:2

„Тиверија“ – „Топ Гол“  9:0

„СЦ Истатов“ – „Деспина Прилеп“  0:11

„Драгон“ – „Љуботен“  13:0

„Борец“ – „Плачковица“  4:0

„Атлетико“ – „Шкендија“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари