По одиграното 8-мо коло во Втора Фудбалска Лига – Исток екипата на „Кожуф“ му се придружи на „Тиквеш“ на врвот на табелата, а додека по освоениот бод на „Победа“, победата на „Плачковица“ и поразот на „Каменица Саса“ ја закомплицираа борбата за опстанок.

Играчите на „Осогово“ дури на своето четврто гостување во ова првенство успеаја да постигнат погодок, но и тој не беше доволен да се вратат барем со бод од Радовиш. „Жетварите“ иако имаа резултат 1:1, не издржаа па примија гол во последните моменти од средбата.

Во Прилеп лидерот на табелата „Тиквеш“ извлече жива глава, откако успеа во судиското надополнување да постигне погодок и непоразен да се врати дома.

Дербито во Струмица ги разочара гледачите, преголемото тактизирање на двете екипи беше доволно мрежите да останат не затресени.

Во „Каменица Саса“ по победата остварена во Радовиш се понадеваа дека со победа во локалното дерби ќе прокнижат нови три бода и ќе се искачат во горниот дел на табелата, но желбите се едно, а реалноста друго, „Кит Го“ како брзи воз помина низ Македонска Каменица.

Екипата на „Кожуф“ која можеби го игра најдобриот фудбал во лигата како домаќин немаше проблеми па високо го порази „Питу Гули“ и со ист број на бодови е на делба на првото место.

Резултати од 8-то коло:

„Плачковица“ – „Осогово“  2:1

„Каменица Саса“ – „Кит Го“  0:3

„Беласица“ – „Брегалница“  0:0

„Кожуф“ – „Питу Гули“  6:1

„Победа“ – „Тиквеш“  2:2

На табелата во водство се „Кожуф“ и „Тиквеш“  со по 20 бодови, пред „Беласица“ 18, „Брегалница“ 16, „Кит Го“ 12, „Каменица Саса“, „Плачковица“ и „Победа“ по 7, „Питу Гули“ и „Осогово“ со 3 бода.

Во следното 9-то коло „Осогово“ ќе и биде домаќин на екипата на „Каменица Саса“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари