Во Понеделникот 14.10.2019) Координаторката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева и Генералната секретарка Кристина Пеповска врачија 61 одлука за избор на координаторки на Форум на жени на општинските организации. Промените во СДСМ во интерес на граѓаните продолжуваат, продолжуваме со креирање на мерки и политики што носат придобивки за сите.

За Координатор на „Форумот на жени при ОО на СДСМ – Кочани“ е именувана Ивана Максимова, родена на 04.12.1983 година, во Кочани, сопруга и мајка на две деца, работи и живее во Кочани. Вработена  е во приватниот сектор, во канцеларија за геодетски работи, ДПЗГР ,,Геомер – Гис“ – Кочани и ТП – Геомергос – Вештачења, а истата е Учесник во четвртата генерција на, ,Школата за женски активизам“организирана од „Форумот на жени на СДСМ“.

Ивана Максимова е член на десеттата политичка академија на Прогрес – Институт за социјална демократија во соработка со Меѓународниот центар „Олоф Палме“, Фондацијата „Калеви Сорса“ и Фондацијата „Фридрих Еберт “, Канцеларија во Македонија. Политичката академија е образовен проект, дизајниран како академски курс и тренинг. Главна задача на Академијата е да образува и тренира индивидуи коишто ги споделуваат социјалдемократските вредности и коишто во своите секојдневни активности влијаат и ги обликуваат политичките одлуки во Македонија.

Инаку Ивана е амбициозна, темелита, енергична и лојална  жена. Борец за родова еднаквост, поседува организациски  способности и одлично се справува со одговорноста и предизвикот како координаторка на форумот на жени на ОО СДСМ Кочани.

ОО на СДСМ – Кочани

42

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари