Објавен е повикот за поднесување понуди од вториот проект за подобрување на општинските услуги за изградба на 11 локални улици во општина Кочани.

Според договорот што во август годинава го потпиша градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев со Министерството за финансии, со одобрените средства од Меѓународната банка за обнова и развој, од компонентата Општински инвестиции ќе се асфалтираат шест улици во градот Кочани и пет улици во рурални области.

Изведувачот што ќе биде избран согласно критериумите и процедурите на Светска банка ќе работи на изградба на улици во вкупна должина од околу 3 км. Тоа се улиците: „Кирил и Методиј“, „Скопска“, „560“, „Стефка Тасева“ (со „Скоевска“ и „555“), „Петар Синадинов“ и „Искра“ во Кочани; „АСНОМ“ и два крака на „Раде Кратовче“ во Оризари и „Борис Ефтимов“ и „Маршал Тито“ во Тркање. На дел од овие улици е предвидена и изградба на атмосферска канализација, потпорни ѕидови и тротоари.

Јавниот повик за избор на изведувач на 11 улици е објавен во дневниот печат, на веб-страницата на Општина Кочани и на Бирото за јавни набавки. Отворањето на понудите ќе биде на 18 ноември 2019 г.

„Како што најавивме, следува градежна инвазија во Кочани. Изградба на единаесет улици е сериозно подобрување на патната инфраструктура во нашата општина. Заедно со улиците и патиштата што се градат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бирото за регионален развој и од Буџетот на Општината, можеме да бидеме задоволни од реализацијата на инфраструктурните проекти во 2019 г.“ соопшти градоначалникот Илијев, по веста за брзиот почеток на активностите за изградба на 11 улици во Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари