Почитувани сограѓани

По две години, го изразуваме нашето задоволство што поддржавме кандидат кој работи одговорно, транспарентно и самопрегорно во интерес на сите граѓани на Кочани. Задоволни сме затоа што сме на прав пат!

Изборната програма, со која настапивме заеднички, е реализирана со 90 % и тоа за 2 години Повеќе од 8 милиони евра, надвор од општинскиот буџет, се наменети за инфраструктурни проекти: нова детска градинка, реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“, на Мултикултурниот центар, за изградба на патот Пониква – Кочани и за планинарски дом на Пониква.. Изградени се нови улици во градот и населените места.

Но, некој постојано се обидува тоа да го негира! Кочанското ДПМНЕ бара обнова. Обнова на криминалот, на нелегалната трговија со градежни парцели, започнувањето брани без градежни дозволи, на вработувањето на снаите, ќерките, сопругите, внуците во администрацијата, луксузирањето со скапи службени автомобили.Тие бараат обнова на школскиот автобуски превоз со авионски цени, за да некој си ги полни џебовите од парите на граѓаните! Бараат обнова на тоталитарниот режим во кој тие си градеа палати од парите на граѓаните.

Прадоксално е што на прес-конференцијата на ДПМНЕ се наоѓаат и членови на Советот на Општина Кочани и поранешни директори, кои во овие две години, кога градоначалник е Николчо Илијев, добија асфалт и на улиците и на тротоарите пред своите домови. Зошто мижат за сработеното.

Зошто членовите на Советот од ДПМНЕ не гласаа за новата детска градинка? Каква иднина на децата од Кочани им посакуваат?!

Зошто на некои од членовите на Советот им пречи реконструкцијата на ски-лифтовите на Пониква?

Колкумина фотографирани на вчерашниот прес се кријат, свесни дека она што се говори е сеење магла, страв од реализираните проекти на Николчо Илијев и СДСМ како локална власт во овие две години.

Граѓаните ја гледаат разликата. Тие знаат – на прав пат сме!

Ви благодарам!

ОО  СДСМ  –  Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари