Како што не информираат вчера (Среда) завреме на петтиот час во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани, родител си земал за право со двајца свои пријатели да влезе на часот и да го нападне наставникот кој во тој момент им предавал на учениците.

Причините зошто се решил на ваков чекор сега засега се шпекулација, но несфатливо е и безобразно кој и да е да си дозволи да ја зема правда во свои раце, да го нападне наставникот на неговата ќерка која е во четврто одделение пред нејзините очи и пред очите на останатите нејзини соученици.

Веднаш е информирана Полициска станица во Кочани и за десетина минути полицијата веќе била во училиштето. Напаѓачот е одведен во полициска станица на информативен разговор и е задржан во текот на вчерашниот ден.

Како што информираат од СВР Штип се превземаат мерки за целосно расчистување на целиот случај со кој е згрозена јавноста во Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари