Во Сабота и Недела продолжуваат натпреварите во Првата Фудбалска Лига за жени.

На програмата е 6-тото коло во кое „жетварките“ му гостуваат на новиот прволигаш „Шкендија“ со мали шанси да дојдат до победа. Сепак фудбалот не би бил толку интересен доколку нема изненадувања па кочанчанки со доза на скриен оптимизам сепак очекуваат дека непоразени ќе се вратат од ова гостување.

Во Прилеп се игра дерби на колото, екипата на „Деспина Прилеп“ ја пречекува мошне добрата „Тиверија“, а додека „Каменица Саса“ ќе ги угости девојчињата од „речица“.

Двојки за 6-тото коло:

„Шкендија“ – „Кочани“

„Каменица Саса“ – „Речица“

„Плачковица“ – „Ас Јунајтед“

„Љуботен“ – „Борец“

„Топ Гол“ – „Драгон“

„Деспина Прилеп’ – „Тиверија“

„Атлетико“ – „СЦ Истатов“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари