Во рамките на 9-тото коло од втората Фудбалска Лига – исток во Недела со почеток во 14:30 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се игра дерби натпреварот на регионот, „Осогово“ ја пречекува екипата на „Каменица Саса“.

„Жолто-сините“ најавуваат освојување на три бода со кои ќе се доближат на „рударите“ на бод заостанување и како-така ќе имаат надеж во понатамошниот дел од првенството. Секој друг резултат освен победа ќе значи и простување од втората лига по само девет одиграни кола.

Во Штип и Кавадарци се играат два интересни натпревари кои ќе решаваат за понатамошниот дел од првенството во борбата за највисок пласман.

Двојки од 9-тото коло:

„Осогово“ – „Каменица Саса“

„„Питу Гули“ – „Плачковица“

„Кит Го“ – „Победа“

„Брегалница“ – „Кожуф“

„Тиквеш“ – „Беласица“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари