По болниот и тешкиот пораз од „Каменица Саса“ 2:5 и последното место на табелата по деветте одиграни кола денес нова „бомба“ кога е во прашање еден од најстарите фудбалски клубови во земјата а која внесе неверување кај љубителите и навивачите на „жолто сините“

Имено на голманот Ѓорѓи Јованоски и Андреј Коцевски од челните луѓе на клубот им било соопштено дека им се заблагодаруваат за досегашната соработка и дека повеќе не сметаат на нивните услуги.

И двајцата како што им било соопштено ќе ги добијат сите потребни документи а дека нивна обврска е да ја вратат опремата со која клубот ги има задолжено.

Јованоски во неделата го чуваше голот на „Осогово“ а додека Коцевски беше на клупата за резервни играчи.

С. Ивановски

DSCN3493DSCN9363

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари