В сабота, на 26 октомври 2019 година, со почеток во 10 ч., во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ќе учествува на јавна дебата со граѓаните на тема: Две години од работењето – состојби, предизвици, планови и граѓански предлози за проекти.

Дебата ќе содржи кратки презентации за сработеното, а граѓаните ќе можат да поставуваат прашања од јавен интерес, од локално значење, од надлежностите на единицата на локалната самоуправа.

Настанот е од отворен карактер, поканата е упатена до сите граѓани заинтересирани за јавна и директна комуникација со градоначалникот, како и со претставници на стручните и раководните служби во Општина Кочани.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари