По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегации од Советот на Општина Кочани, Сојузот на борците од НОВ и од локални партиски ограноци положија свежо цвеќе на „Споменикот на слободата“ и им оддадоа почит на вековните стремежи за слобода и за обединување на македонскиот народ.

По повод државниот празник, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до граѓаните, во која стои:

„Денот на македонската револуционерна борба е симбол на континуитетот на организираната борба на македонскиот народ за стекнување сопствена, независна држава. На 126-годишнината од формирањето на македонската револуционерна организација им оддаваме почит на сите кои го вградија животот во македонската борба за слобода. Пораката на посветеност и целосна приврзаност кон идеалите од кои се раководеа револуционерите низ историјата, ја спојуваме со стремежите за стабилна, богата татковина, со квалитетен живот за сите граѓани“ се вели во честитката од градоначалникот Илијев.

97

98

99

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари