Во пресрет на празникот на Македонската револуционерна борба во вторникот во просториите на КОУ Библиотека „искра“ во Кочани во присуство на голем број на гости беше промовирана книгата ВИС „Црвени стени“ од Оризари.

Се работи за книга посветена на музичкиот живот во Оризари од почетокот на седумдесеттите години кога и заживува музичкиот состав „Црвени стени“.

Како што пишува авторот на книгата Ленче Стоименова вокално инструменталниот состав „Црвени стени“ од Оризари е формиран во сега веќе далечната 1971 година од група на млади музичари кои едноставно уживале во изведбата на музичките нумери.

Во групата свиреле седум музичари кои постојано се менувале било на игранките, матинињата, за Новогодишните и другите празници, едноставно бидејќи биле поголемо друштво секој имал свое учество во музицирањето.

82

Борис Стоименов (гитара и главен вокал), Стојчо Симијонов (бас и ритам гитара), Душко Наков (бас и ритам гитара), Јордан Гацов (бас и ритам гитара), Драган Глигоров (тапани), Илија Арсов (тапани) и Трајчо Велков (тапани) се членовите на групата а како задолжен за продажбата на влезниците бил и осмиот од друштвото, Мите Тошев.

За време на своето постоење групата свирела секаде каде била поканета од населените места во Малешевијата, на запад до Пробиштип, а имала настапи и во Кочани и Штип.

Групата траела се до почетокот на 1981 година.

Автор на книгата е Ленче Стоименова, а Миле Ѓорѓијоски промотор.

Промоцијата на книгата предизвика позитивни емоции кај поголемиот дел од присутните, бидејќи се вратија во времето кога забавата беше водечката сила кај младите.

С. Ивановски

83

84

85

87

88

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари