Како што објави Фудбалски Клуб „Слога Виница“ досегашните играчи на „Осогово“ од Кочани Андреј Коцевски и Ѓорѓи Јованоски од денес се официјални членови на виничкиот третолигаш.

Несомнено е дека со ангажирањето на двајцата „Слога 1934“ ќе добие на квалитет и уште посилна ќе ги продолжи натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Југ во освојувањето на првото место што е гаранција за влез во Втората Фудбалска Лига – Исток.

Коцевски веќе има настапувано за виничкиот третолигаш, пролетта 2016 година, додека Јованоски за прв пат ќе ги брани боите на клубот од Виница.

С. Ивановски

P3930711

DSCN1566

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари