Во рамки на проектот „Вклопување на бесправно изградени објекти” имплементиран од здружението Ромски центар „Романо Вило”-Кочани под грант на „Национален Ромски Центар“ – Куманово, „Симбиозис 12“- Куманово и „Бела кула“ – Кичево, финансиран од страна на Делегација на Европска Унија се одржаа работни состаноци со претставници од општина Кочани, секторот за урбанизам- Кочани, Агенција за катастар на недвижности-Кочани и граѓански организации-Кочани.

За време на состаноците од страна на проектниот тим беше поделен извештајот од анализираните резултати добиени по спроведувањето на анкетен прашалник и беа пренесени заклучоците од реализираните активности и добиените резултати во рамки на проектот.

Исто така за време на состаноците беа пренесени и главните заклучоци и препораки донесени како резултат на истражувањето за вклопување на бесправно изградени објекти спроведено во ромската населба во Кочани во период од 20.06-12.07.2019 година.

Проектот има за цел да ги подобри условите за домување на ромското население и да обезбеди подршка на ромското населени за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичкo планска документација.

1005

1004

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари