Стручни медицински лица, социјални и здравствени работници, директори и претставници на основните училишта, градинките и на граѓанскиот сектор присуствуваа на состанокот што денеска го иницираше градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев со цел сите подеднакво да бидат информирани и координарано да дејствуваат во однос на епидемијата од жолтица во Кочани.
Според епидеомилогот од Центарот за јавно здравје воо Кочани д-р Горан Николов, досега се евидентирани 32 лица заболени од хепатит од типот А, од кои најголем дел се во роднински врски. Изворот на заразата е од улицата „Стамен Манов“ во Кочани, на која има социјално загрозени граѓани, кај кои при посетата од надлежни институции е регистриран висок степен на нехигиена во нивните живеалишта.
За да се стопира ширењето на заразната жолтица, беа прифатени неколку мерки за превентивно дејствување во наредниот период. Градоначалникот Илијев повика сите масовно да се вклучат за подигање на јавната свест за одржување на хигиената на сите нивоа. Училиштата и градинките да ја зајакнат контролата на личната хигиена, а Општина Кочани ќе обезбеди хигиенски пакети за семејствата од социјално ранливите групи. По препорака на здравствените служби, потребно е да се овозможи позасилена дезинфенција во училниците и ограничено движење на надворешните лица во објектите на градинката. Беше заклучено граѓанските организации да се вклучат со засилена едукација и родителски средби за подобрување на хигиенските мерки во семејни услови.
Во наредниот период општинските комунални служби и КЈП „Водовод“ уште поинтензивно ќе работат на инспекција и отстранување на дивите депонии кои експресно се обновуваат во одредени делови од градот.
Жолтицата од типот А или болеста на нечисти раце, како заразно заболување бара изолирање на заболените, лекување од триесетина дена и остава траен имунитет.
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.