Фудбалерите на „Осогово“ ја остварија првата годинешна победа на гостински терен. Тие во денешното 10-то коло, прво од вториот круг како гости го совладаа „Питу Гули“ со 3:1 (1:1) и со иста мерка му вратија за поразот со идентичен резултат во првото коло од првиот круг што го доживеаја во Кочани.

Домаќините поведоа многу рано уште во 3’ преку Андреевски, но желбата на „жетварките“ да му вратат на Крушевскиот второлигаш мило за драго беше поголема од се па најпрвин го израмнија резултатот преку Стојков а во вториот дел со головите на Манов и Паунов дојдоа до првите три бода на гостински терен.

Во ова коло дерби натпреварот во Кавадарци им припадна на играчите од Гевгелија, а во Пехчево домаќинот беше поуспешен од забревтаната „Беласица“. Триумф на свој терен забележа и „Каменица Саса“ која ја совлада „Победа“ и ја продлабочи кризата на прилепскиот второлигаш.

Во натпреварот под рефлектори во Штип домаќинот ја совлада екипата на „Плачковица“ и изби на третото место на табелата со два бода помалку зад водечкиот „Кожуф“.

Резултати од 10-тото коло:

„Питу Гули“ – „Осогово“  1:3

„Каменица Саса“ – „Победа“  2:0

„Кит Го“ – „Беласица“  2:0

„Тиквеш“ – „Кожуф“  0:1

„Брегалница“ – „Плачковица“  2:1

На табелата води „Кожуф“ со 23 бода, пред „Беласица“ со 22, „Брегалница“ 21, „Тиквеш“ 20, „Кит Го“ 18, „Каменица Саса“ 13, „Плачковица“ 10, „Победа“ 7, „Осогово“ 6 и „Питу Гули“ 3 освоени бода.

Во следното коло во Кочани гостува „Брегалница“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари