Се одиграа натпреварите од 7-мото коло во Првата Фудбалска Лига за жени. Дека разликата во квалитет меѓу екипите е голема во ова првенство покажува податокот што на осумте натпревари беа постигнати 56 погодока или во просек седум по натпревар.

Во Кочани младата и неискусна екипа на „Кочани“ беше лесен залак за годинава еден од аспирантите за највисок пласман „Каменица Саса“. Дека ова ќе биде натпревар на два нерамноправни противника се виде уште во првата половина од првото полувреме кога гостинките постигнаа три погодока.

Дерби натпреварот во Скопје сосема заслужено им припадна на прилепчанки, а во Дојран минатогодишниот вице шампион падна на колена пред налетите на новиот прволигаш „Шкендија“.

„Тиверија“ во ова коло за забележа највисоката победа а „Ас Јунајтед“ со десет голови во мрежата го испрати „Љуботен“.

„Борец“ и „Плачковица“ беа немоќни против своите противници но загубија со пристојна разлика.

Резултати од 7-мото коло:

„Кочани“ – „Каменица Саса“  0:10

„СЦ Истатов“ – „Шкендија“  2:6

„Тиверија“ – „Атлетико“  12:0

„Драгон“ – „Деспина Прилеп“  1:3

„Борец“ – „Топ Гол“  1:5

„Ас Јунајтед“ – „Љуботен“  10:0

„Речица“ – „Плачковица“  6:0

С. Ивановски

DSCN3932

DSCN3929

88

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари