Изминатите два дена „градот на конзулите“ беше домаќин на „Завршниот Државен натпревар во гимнастика„ за девојчиња.

КГС „Кочани“ настапи со 10 натпреварувачки од кои една во „А“ лигата и 9 во „Б“ лигата.

Освоени се вкупно 3 медали во поединечна и 2 во екипна конкуренција.

Во поединечна конкуренција во лига „А“ јана Николова во категоријата „сениори“ го освои првото место, а во лигата „Б“ Иларија Цветкова беше прва во категоријата „помлади пионерки“ а Матеа Илиева трета во истата категорија.

Во екипна конкуренција во категоријата „помлади пионерки“ освоено е првото место додека во категоријата „јуниорки“ гимнастичарките на „Кочани“ завршија како втори.

С. Ивановски

111112

114

117

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари