Денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани се одржа 20-тиот по ред Општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој зеоа учество 13 натпреварувачи, ученици од сите основни училишта од општина Кочани кои за првпат учествуваат на овој натпревар.

За реализација на истиот, формирана е комисија од три члена – библиотекари вработени во библиотеката.

Тестот содржеше 20 прашања со вкупен број од 100 поени, кој учениците го сработија за време од еден час.

По прегледувањето на тестовите, Комисијата ги објави следните резултати:

Победник на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“- 2019 година е: Јована Богданова, VIII 2 одд., ОУ „Св.Кирил и Методиј“-Кочани

Второто место го освои: Васил Трајанов, IX a одд., ОУ „Крсте П. Мисирков“, Оризари

Третото место го поделија: Нена Иванова, IX 4 одд., ОУ„Малина Попиванова“, Кочани и Јован Зафиров, IX 5 одд., ОУ„Св.Кирил и Методиј“, Кочани

Победникот ќе ја претставува нашата општина на 20-тиот по ред Републички натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржј на 15.11.2019 година во Скопје во градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани на првонаградените им додели дипломи за освоено прво, второ и трето место, како и книги, а на останатите учесници благодарница и книга.

Натпреварот го следеше комисија во состав:

Мара Анастасова-претседател

Вангелија Цавкова – член

Румена Тодорова – член

DSCN4087

DSCN4120

DSCN4114

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари