Почитувани,

СДСМ води грижа за земјоделците. Минатите денови легнаа 41,4 милони денари на сметките на 1130 оризопроизводители за дополнителна субвенција од 5 ден за предадена оризова арпа, која се донесе поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката.

Со оваа нова дополнителна субвенција се поттикна договорниот откуп на оризовата арпа од реколтата 2018 година.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку партиски активисти да ја искриви реалната слика за развојот на земјоделството. Еден од нив е и Драгољуб Гаврилов од Чешиново кој нема ни педа земјоделско земјиште на свое име сите се водат на име на неговата сопруга и истата во целост ги има добиено субвенциите за 2018 год во износ од 101.962 ден и за предадена оризова арпа од реколта 2018 год во преработувачки капацитет во износ од 130.000 денари.

Очигледна е разликата. ВМРО-ДПМНЕ со години ги малтретираше и понижуваше земјоделците, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство градат партнерски однос со земјоделците и работат на унапредување на земјоделството.

Владата предводена од СДСМ за оваа година го издвои оризот од останатите житни култури со повисок износ на субвенции и тоа 25.000 ден по хектар со задолжителна употреба на сертифициран семенски матрејал и 18.000 ден по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.

Моменталната откупна цена на оризвата арпа за реколта 2019 год бележи раст и се движи од 18 до 25 денари по килограм оризова арпа во зависност од квалитетот, со тенденција за натамошен раст поради тоа што оваа година е стопиран и увозот од странство.

На прав пат сме, се грижиме за земјоделците и продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат земјоделството.

ОО на СДСМ  –  Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари