Без разлика кој на кое место е, или бил на табелата натпреварите помеѓу „Осогово“ и „Брегалница“ од Штип секогаш побудувале интерес кај фудбалската јавност.

Во второто коло од годинешното првенство Штипските сини го „почестија“ „Осогово“ со пет голови во мрежата, па кочанчани горат од желба колку-толку да им се реваншираат. „Жолто-сините“ посакуваат бод а ако им се пружи шанса и ако одиграат како во првото полувреме против „Академија Пандев“ тогаш и победата е во опција.

Брегалница славеше во второто коло а како ќе биде во 11 коло ќе се знае некаде околу 15:30 часот

Натпреварот се игра во Сабота на стадионот „Никола Мантов“ со почеток во 13:30 часот.

Двојки за  11-тото коло:

„Осогово“ – „Брегалница“

„Питу Гули“ – „Каменица Саса“

„Кожуф“ – „Кит Го“

„Плачковица“ – „Тиквеш“

„Беласица“ – „Победа“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари