Во организација на Федерацијата за Гимнастички Спортови се одржа „Завршниот натпревар во А и Б лигата за момчиња“.

КГС „Кочани“ учествуваше со 18 гимнастичари кои настапија и во двете лиги.

Во „Б“ лигата во „Поединечна конкуренција“ Лука Цветков во категоријата „постари пионери“ го освои првото место, Филип Иванов во категоријата „јуниори“ беше втор, а додека на третото место се пласираа: Матеј Постолов „помлади пионери“и Филип Илиев „постари пионери“.

Во „Б“ лигата во екипна конкуренција во категоријата „помлади пионери“ гимнастичарите на КГС „Кочани“ завршија како втори.

Во „А“ лигата во „Поединечна конкуренција“ Ристе Симионов во категоријата „јуниори“ заврши како прв, второто место го освоија: Андреј Јованов – „постари пионери“, Димитриј Спасов – „јуниори“ и Стојан Анастасов – „сениори“, додека како третопласиран заврши Антонио Јаношевиќ во категоријата „постари пионери“.

Тренерите Радмила Станчева и Благој Каров како што истакнаа се задоволни од годинешните постигнати резултати.

С. Ивановски

73321153_399543937618211_6884185225132244992_n

76717405_492135651385995_8896950910291279872_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари