Се одиграа натпреварите од  8-то коло во Првата Фудбалска Лига за жени. Како и што претпоставувавме во најавата на колото екипата на „Кочани“ ја оствари првата победа во ова првенство.  „Жетварките“ до трите бода стигнаа по победата над „Плачковица“ во Радовиш.

Инаку куриозитет во ова коло е што гостинските екипи од вкупно седум натпревари на шест забележаа победи. Честа на домаќините ја спаси „Деспина Победа“ која како домаќин високо ја совлада екипата на „Борец“.

Резултати од 8-то коло:

„Плачковица“ – „Кочани“  0:3

„Шкендија“ – „Каменица Саса“  0:6

„Љуботен“ – „Речица“  0:5

„Деспина Прилеп“ – „Борец“  10:0

„Топ Гол“ – „Ас Јунајтед“  0:2

„Атлетико“ – „Драгон“  0:5

„СЦ Истатов“ – „Тиверија“  0:5

С. Ивановски

666

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари