По победите во денешното 8-мо коло екипите на „Слога 1934“ и „Овче Поле“ како единствени непоразени во досегашниот дел од првенството со по 21 освоен бод отворено и со еднакви шанси влегуваат во борбата за освојување на првото место во Трета Фудбалска Лига – југ.

Виничани денес немаа тешка задача со „фенерџијата“ „Малеш“ а екипата на „Свети Николе“ дојде до големи три бода на гостувањето кај „Детонит“.

Во Василево немаше победник а „Раклиш“ и „Дојранско Езеро“ со по три бода на контото се враќаат од гостинските терени.

Резултати од 8-мото коло:

„Слога 1934“ – „Малеш“  7:0

„Василево“ – „Тиверија“  1:1

„Детонит“ – „Овче Поле“  0:2

„Спартмани“ – „Раклиш“  1:4

„Младост Удово“ – „Дојранско Езеро“  2:4

Слободна во ова коло беше екипата на „Брегалница сениори“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари