Во Тетово, во организација на Карате Клуб „Фати“ од Тетово и Карате Федерацијата на Македонија се одржа Меѓународниот карате турнир „Тетово Опен 2019“.

На турнирот се појавија 550 каратисти од 69 клубови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Косово.

Карате Клуб „Кочани“ учествуваше со 6 натпреварувачи кои освоија три медали и сите бронзени, а додека Карате Клуб „Партизан“ учествуваше со 9 натпреварувачи кои освоија исто така три медали од кои по една златна, сребрена и бронзена.

Бронзите за „Кочани“ ги освоија:

Наталија Карова – генерација 2006 до 44 килограми;

Сандра Настеска – генерација 2007 до 40 килограми и

Илија Охомуш – генерација 2006 до 55 килограми.

Носители на медали кај „Партизан“ станаа:

Златен медал Ѓорѓи Петров – кадети до 63 килограми;

Сребрен медал Филип Стојанов – генерација 2007 до 42 килограми и

Бронзен медал Ива Таушанова – јуниорки + 59 килограми.

С. Ивановски

65

66

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари