Лазар Захариев од Кочани и Бошко Стаменковски од Македонска Каменица беа единствените македонски претставници на меѓународниот натпревар во Бенч прес на „Војводина Куп“ кој во саботата се одржа во местото Елемир во Војводина (Србија).

Лазар Захариев се закити со еден златен и еден бронзен медал, а додека Бошко Стаменковски освои два златни медали.

Захариев златниот медал го освои во категоријата до 105 килограми во конкуренција на М1 (учествуваат натпреварувачи од 40-50 години возраст) каде што подигна 182,5 килограми. Бронзата ја освои во отворена категорија во која право на настап имаат сите натпреварувачи без разлика на годините но со тежина од 93-105 килограми, а на Захариев тоа му појде од рака во категоријата до 105 килограми и исто така со подигнати 182,5 килограми.

Бошко Стаменковски златото го освои во М1 и во Опен категоријата под 74 килограми со подигнати 135 килограми.

По успехот во Елемир и двајцата наши натпреварувачи добија покана за учество на „Отворен Куп“ кој на 9-ти декември ќе се одржи во Одеса (Украина).

С. Ивановски

424344

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари