Во организација на ЈОУ Библиотеката „Искра“ во Кочани, денес беше отворен 14-тиот „Саем на книгата“. Годинава на саемот се претставуваат 15 домашни издавачки куќи со околу 1.300 наслови од кои најголемиот број се нови изданија што се објавени меѓу двете саемски манифестации.

Пред присутните на отворањето во библиотеката зборуваше Мара Анастасова, а Саемот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

„Интересот кај читателите во изминативе години е голем, така што очекуваме   да се повтори и оваа година. Денеска го отворивме 14-тиот Саем на книгата на кој оваа година со свои штандови и понуди учествуваат 15 реномирани издавачки куќи кои се доста познати на читателската публика. Имаме книги од сите жанрови и за сите возрасти, како за деца и возрасни така и за млади со љубовна тематика. Саемот е отворен од денеска 4 ноември и ќе трае заклучно со сабота 9 ноември од 10 до 18 часот. Ги покануваме сите љубители на пишаниот збор да дојдат да го посетат“, рече Мара Анастасова, библиотекар.

Специјален гостин на отворањето на саемот беше Милијана Павловска најчитан  домашен автор за 2019 која што се обрати пред присутните. Книгите што се нудат се од различни жанрови и се со промотивен саемски попуст, истакнуваат од издавачките куќи.

Во соработка со основните училишта од Кочани веќе се договорени организирани посети за учениците, а за најмладите има и богата понуда на сликовници, боенки и училиштен прибор.

Саемот на книгата се организира во рамките на манифестацијата „Месец на книгата“.

С. Ивановски

DSCN4916

DSCN4920

DSCN4904

DSCN4919

DSCN4898

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари