Во пресрет на изработка на Општинскиот буџет за 2020 година, денес Градоначалникот на Општина Кочани одржа дебата со бизнис секторот во Општината.

Беа отворени голем број на теми од јавен интерес и локално значење, на кои се дебатираше околу два часа.

По завршувањето на средбата Градоначалникот Николчо Илијев изјави: „Локалниот бизнис-сектор е важен двигател во општествениот прогрес и неговите мислења се релевантни во процесот на креирањето на најважниот документ во работењето на единицата на локалната самоуправа, општинскиот буџет.
Во пресрет на подготовката на Буџетот за 2020 година, заедно со раководители од Општина Кочани имавме средба со кочанските стопанственици на која разменивме мислења за состојбите и потребите на оваа целна група, за можностите и предизвиците за нивно решавање и подобрување.
Отворивме теми од јавен интерес од локално значење: инфраструктура, урбанистичко планирање, комунално уредување, образование, животна средина, локален развој. Ја користам оваа можност јавно да им се заблагодарам на сите присутни на дебатата  за конструктивноста и за многуте предлози и идеи“.

С. Ивановски

52

53

55

54

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари