На прес-конференција, во име на Советот на Општина Кочани, претседателот Томе Солевски јавно ги повика сите надлежни државни институции итно да преземат мерки против неконтролираното исцрпување на геотермалната вода од лежиштето во Кочани.

Советот и градоначалникот Николчо Илијев се единствени во ставот дека неконтолираното трошење на водата, која не се реинјектира и завршува во реката – мора да престане.

Директорот на КЈП „Водовод“ Андреј Киров посочи на сериозните последици од намалување на статичкото ниво на геотермалната вода.

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули најави вонреден комбиниран инспекциски увид за детектирање на проблемот и одлуки за негово брзо решавање.

74272181_478994362971351_3665246874756972544_o

74433102_478993372971450_7742086465558937600_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари