На последната  31-ва седница  на  Советот  на  Општина Кочани советниците бурно реагираа на веста за неконтролираното црпење на геотермалнта вода од познат концесионер.

По тој повод денес Општина Кочани ја посети заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули кој оствари средба и со советниците и со Градоначалникот на општина Кочани Николчо Илијев.

„Денеска, заедно со Советот на Општина Кочани, јавно ги повикавме сите надлежни државни институции итно да преземат мерки против неконтролираното исцрпување на геотермалната вода од лежиштето во Кочани.
Проблемот трае долго време, но последната година ескалира. Бараме од Техничкиот инспекторат, Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање, итно решавање на овој проблем.
Му благодариме на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули за поддршката на оваа консензуална иницијатива за спречување на злоупотребите не само на геотермалната вода, туку и за уништувањето на биодиверзитетот во реката од испуштањето на топлата вода.
Од заменик-министерот Макрадули добивме уверување дека ќе биде побаран вонреден комбиниран инспекциски увид за детектирање на проблемот и донесување одлуки“ изјави Илијев по средбата.

75354855_542087379673204_1072926188235653120_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари