Уште малку повеќе од 24 часа до најавениот протест кој е закажан по граѓанска иницијатива, под мотото „За чист воздух во Кочани“.

Собирањето на граѓаните е закажано за ВО Сабота (09.11.2019 година) во 11:00 часот во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани од каде ќе се замине на блокада на двата влеза во Кочани, кај клучката за Подлог и на влезот во градот после „Превалец“.

Целта на овој протест е конечно да се стави крај на неконтролираното загадување на воздухот во Кочани било од џадот на фабриката „Пејпер мил“ и други слични помали објекти, било од страна на горењето на депонијата, било од страна на палењето на стрништата, едноставно да се престане со загадувањето на воздухот бидејќи со чист воздух ќе се обезбеди подобра иднина за генерациите што доаѓаат, со чист воздух ќе се намали бројот на заболени од канцер или како што го нарекуваат тивката смрт, со чист воздух сите ќе имаме подобар живот за живеење.

Се повикуваат граѓаните да излезат во што помасовен број за да се престане со загадувањето на некогаш најчистиот град а денес еден од најзагадените.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари