Во недела се играат натпреварите од 9-тото коло на Трета Фудбалска Лига – Југ.

Екипата на „Слога 1934“ има тешко гостување на „жешкиот“ терен во Раклиш, каде домаќинот игра доста ангажирано и со желба да го совлада секој противник. Квалитетот е на страна на виничани, но играчите на тренерот крсте Крстев не смеат да се опуштат, ако сакаат со целиот плен да се вратат дома ќе мора да играат трпеливо и сигурно за време на целиот натпревар.

„Овче Поле“ кој заедно со „Слога 1934“ се единствените непоразени екипи во досегашниот дел од првенството ја пречекува екипата на „Спартмани“ со надеж дека ќе ги свои бодовите и дека спремни ќе го дочекаат дерби натпреварот во Виница кој е на програмата во следното коло.

Двојки за 9-тото коло:

„Раклиш“ – „Слога 1934“

„Овче Поле“ – „Спартмани“

„Малеш“ – „Младост – Удово“

„Брегалница сениори“ – Василево

„Тиверија“ – „Детонит“

Слободна е екипата на „Дојранско Езеро“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари