Во сабота со почеток во 13:00 часот продолжуваа фудбалските возбудувања во Втора Фудбалска Лига – исток.

На програмата се натпреварите од 12-ото коло (3-то од вториот круг) во кое екипата на „Осогово“ му гостува на „ранетиот лав“ во Кавадарци. „Лозарите“ не се во форма за што сведочат слабите резултати во последните 3-4 кола кои и беа причина да се направи рокада во Стручниот штаб на кавадарчани. „Осогово“ во последното коло одигра борбен натпревар со лидерот на табелата „Брегалница“ кој покажа дека има неколку поединци кои полека влегуваат во форма. Домаќините што поради повреди што поради казни нема да можат да сметаат на неколку првотимци па „жетварите“ токму овде ја гледаат својата шанса да го изненадат реномираниот противник. Во првиот натпревар во Кочани помеѓу овие две екипи „Осогово“ не беше надиграно но загуби речиси од една полу шанса и остана со „кратки ракави“. Нели е утре шансата да се реваншираат колку-толку.

Двојки за 12-тото коло:

„Тиквеш“ – „Осогово“

„Каменица Саса“ – „Беласица“

„Победа“ – „Кожуф“

„Брегалница“ – „Питу Гули“

„Кит Го“ – „Плачковица“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари