Граѓанската иницијатива по која денес граѓанското движење организираше протест под мотото „За чист воздух во Кочани“ ги даде посакуваните резултати.

Голем број граѓани на Кочани денес се собраа во „Паркот на Револуцијата“ кај „Летната сцена“ со што јасно им дадоа до знаење на загадувачите на воздухот дека претераа, тие денес сплотени, сите заедно рекоа „СТОП“ за загадувањето, но и едно големо „ДА“ дека сите сакаме чист воздух за дишење.

Најпрвин присутните на протестот со потпишување покажаа дека не им е страв од никого, туку дека тука се дојдени да го искажат својот револт и против џадот кој секојдневно излегува од фабриката „Пепер мил“, како и против џадењето од другите оџаци на веќе застарените фабрики, го искажаа својот револт против џадот кој постојано излегува од депонијата, но и својот револт против постојаното палење на стрништата по полињата.

Од говорницата најпрвин на присутните им се обрати Орце Николов од граѓанското движење кој ги наведе причините за денешниот протест. Како што истакна Николов сите собрани не се ниту против затворањето на фабриката, ниту против земјоделците, но се да сопствениците на фабриките си постават филтри на оџаците и да се престане со палењето на стрништата.

Потоа Николов на говорницата го повика најпрвин Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев а потоа и директорот на КЈП „Водовод“ Андреј Киров на кои им постави прашања кои се нивните цели да се спречи загадувањето и какви се плановите за во иднина да имаме и да дишеме сите чист воздух.

На крајот насобраните граѓани со свирчиња и транспаренти појдоа од „Летната сцена“ па преку улицата „Маршал Тито“ дојдоа на Кочанскиот плоштад од каде пак по улицата „Кеј на Револуцијата“ се вратија на местото каде и се одржа денешниот главен протест.

Протестот заврши мирно онака како што приличи, со надеж дека инволвираните ќе го слушнат апелот и за краток период ќе реагираат, односно ќе постават филтри на оџаците а стрништата нема да се палат повеќе.

На Кочани му требаше вакво нешто, денес победија граѓаните, сите заедно.

С. Ивановски

DSCN5038

DSCN4987

DSCN5029

DSCN5010

DSCN5011

DSCN5015

DSCN5048

 

DSCN5057

DSCN5071

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари