Скопје беше домаќин на Меѓународниот карате турнир 13-ти Ноември, на кој меѓу повеќето натпреварувачи  од повеќе држави и клубови учествуваа и каратистите на „Кочани“ и на „Партизан“.

Карате Клубот „Кочани“ учествуваше со 5 натпреварувачи кои освоија три медали од кои две сребрени и еден бронзен, а додека од Карате Клуб „Партизан“ имаше само еден претставник кој во две различни категории го освои првото место.

Сребрените медали за КК „Кочани“ ги освоија Наталија Карова – категорија 2006 до 44 килограми и Иван Арсов – категорија 2007 до 52 килограми а додека бронзениот се најде на градите на Илија Охомуш – категорија 2006 до 55 килограми.

КК „партизан“ испрати само еден натпреварувач Филип Стојанов кој настапи во категоријата 2006 до 42 килограми и до 47 килограми каде во двете конкуренции го освои златниот медал.

Кадетите и јуниорите на „Партизан“ не учествуваа на овој турнир од причини што веќе во Сабота ќе се натпреваруваат на „Државното првенство“.

С. Ивановски

45

46

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари