Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Југ по кое ништо ново кога е во прашање водечката двојка. И „Слога 1934“ и „Овче Поле“ забележаа победи и се на врвот на табелата со максимален број на бодови, па така во недела нивниот меѓусебен дуел во Виница ќе одлучи која од двете екипи ќе ја освои есенската титула.

Интересно е што во ова коло екипата на „Малеш“ ја забележа првата годинешна победа а сигурни бе а и екипите на „Детонит“, и „Брегалница сениори“.

Резултати од 9-тото коло:

„Раклиш“ – „Слога 1934“  0:2

„Овче Поле“ – „Спартмани“  5:0

„Малеш“ – „Младост – Удово“  2:1

„Брегалница сениори“ – „Василево“  2:0

„Тиверија“ – „Детонит“  1:3

Слободна во ова коло беш е екипата на „Дојранско Езеро“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари