Се одиграа натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток  а „Осогово“ во Кавадарци го доживеа еден од најтешките порази во клубската историја со што уште еднаш се фрли кал на лицето на еден од најстарите клубови во државата.

Кочанчани најавуваа машка борба и надеж дека ќе го изненадат противникот кој неколку кола имаше резултатска криза, но наместо да изборат барем бод на кој се надеваа, тие со анемична и речиси никаква игра дозволија „лозарите“ да им ја наполнија мрежата до врв.

Во Кавадарци натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога играчите на „Тиквеш“ постигнаа четири погодока и ја навестија катастрофата на „жетварите“.

Освен „Осогово“ и останатите екипи од дното на табелата доживеаја порази па сега состојбата околу екипите кои ќе го напуштат второлигашкото друштво малку повеќе се разбистри. По денешните порази како најзагрозени екипи дефинитивно остануваат „Питу Гули“, „Осогово“, „Победа“ и „Плачковица“.

Комплетни резултати од 12-тото коло:

„Тиквеш“ – „Осогово“  7:1

„Каменица Саса“ – „Беласица“  0:3

„Победа“ – „Кожуф“  0:1

„Брегалница“ – „Питу Гули“  5:0

„Кит Го“ – „Плачковица“  2:0

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари