120 проекти од идеја до конечна реализација ставени во функција на жителите на општина Виница е сублимираниот исход од 24 месечното работење на новата локална власт во Виница, предводена од градоначалникот Ивица Димитров.  Градоначалникот Ивица Димитров во денешното едночасовно обраќање пред присутните во „Сината Сала“, даде детален извештај за се она што Локалната власт сработи овие две години, ги најави проектите за кои се подготвува техничка документација и кои се во фаза на реализација.

„Денес дадовме отчет за работењето на две години на општина Виница. Покажавме и докажавме дека знаеме како да се справиме и да ги решиме проблемите на граѓаните. Асфалтирани се повеќе од 25 улици во градот и селата, комплетиран регионалниот пат Виница-Лески-Зрновци, целосно завршена реконструкција на патот преку Бигла од виничка страна, финализиран проектот за филтер станица во с.Трсино, отворена спортската сала во ОУ „Славчо Стојменски“; заменети старите азбестни цевки на 10 улици во должина од 3.960 метри; комплетно обновена комуналната механизација во ЈКП „Солидарност“; инсталирани фотоволтаични панели во Трсино и во училиштата во Виница; изградени повеќе пешачки патеки; донесени 4 нови ДУП-ви, а се работи уште на 9; организирани голем број културно-спортски манифестации; подобрување на водоводната и канализационата мрежа; инфраструктурно уредување и подобрување на условите за престој на учениците во училиштата ,се само дел од проектите кои се завршени во изминатите две години“, рече Ивица Димитров, градоначалник на општина Виница.

Свое обраќање пред присутните имаше и претседателот на Советот Тони Велков кој упати јавна благодарност до советниците за поддршката во донесувањето на повеќе од  300 одлуки кои се во интерес на граѓаните, но и за укажаната доверба од страна на жителите на Виница, со апел ова темпо на работа и реализација да продолжи во континуитет и следните две години.

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари