На Меѓународниот конкурс за поезија „Ил Парнасо“ распишан во Италија,  како една од најдобрите поеми се вбројува и поемата на Гоце Марков од Кочани насловена како „Македонска Сага“.

Во конкуренција на 250 песни испратени од поети од Македонија, Украина, САД, Венецуела, Канада, Кина Германија,  Грција, Индија, Бангладеш, Бразил, Малта, Мароко, Дегестан Шпанија, Романија и Нанибија, поемата „Македонска Сага“ се вбројува меѓу најдобрите.

Нашиот сограѓанин Марков низ стихови во поемата ја проткајува љубовта кон Македонија и страдањата на Македонците.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари