Во организација на Здружението „Национален Ромски Центар“ од Куманово, денес во Кочани беше промовиран Извештајот „Достапност и пристап до услуги за поддршка на жени и девојки Ромки коишто преживеале насилство врз жени во Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип“.

Со поддршка на „UN Women“ и EU  Здружението „Национален Ромски Центар“ од Куманово спроведе истражување за достапност и пристапот до услуги за жени и девојки Ромки кои преживеале насилство врз жени во рамки на проектот „Поддршка на жени Ромки да ги идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми пристапот до услуги за оние што кои преживеале насилство“.

DSCN5102

На настанот присуствуваа голем број на Роми посебно од младата популација кои беа поздравени од Претседателот на „Националниот Ромски Центар“ од Куманово, Ашмет Елезовски кој воедно настанот го прогласи и за отворен а свои обраќања имаа и претставничките од Канцеларијата на „ UN Women“ од Скопје – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.

На настанот беа промовирани и креативните видеа: „На своја кожа“, „Девојки, херојки“ и „Јас можам“

За да се склопи комплетниот извештај беа направени истражувања кои беа спроведени во шест општини: Кичево, Куманово, Велес, Штип, Кочани и Прилеп.

На промоцијата на извештајот присуствуваат  и претставници од повеќе локални институции, установи, здруженија на граѓани и други релевантни субјекти.

С. Ивановски

DSCN5100

DSCN5091

DSCN5107

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари